Меѓународен џудо турнир „Скопје Опен 2023” во општина Илинден

karatisti_ilinden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во спортската сала „Гоце Делчев” во општина Илинден денеска свечено беше отворен Меѓународниот џудо турнир „Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на џудо клубот „ИПОН” од Скопје, а учествуваа преку 250 учесници од џудо клубови од Македонија, Молдавија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово, Србија, Албанија, Турција и Романија.







На Меѓународниот џудо турнир „Скопје Опен 2023” се обрати и ги поздрави присутните, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при што ги прогласи натпреварите за отворени. Тој истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина.

Натпреварите течеа во најдобар ред во позитивен спорски дух и без повреди, а уцесници има во категориите кадети, пионери, млади пионери, У13, У15 и У18 во машка и женска категорија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK