Кумановскиот центар за култура ќе ги отстапи просториите за училиштата кои подготвуваат претстава

kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановскиот центар за култура ќе ги отстапи просториите за проби за учениците од основните и средните училишта, информираа денеска од установата и ги повикаа училиштата да се обратат до Центарот за реализација на претставите.







Националната установа Центар за култура ја донесе одлуката која важи за сите основни и средни училишта во градот Куманово кои имаат подготвено или ќе подготват театарска претстава со ученици и ќе им ги отстапи големата сала и просториите за проби да може да ги користат бесплатно.

– Би сакале да ги поттикнеме учениците, наставниците да создаваат театарски претстави и делата кои ги обработуваат да ги преточат во театарска претстава, на учениците да им се понуди можност креативно да се изразат делото да го претстават на поинаков начин и да ја доживеат сцената. Центарот ќе понуди логистичка поддршка и се надеваме дека ќе имаме одзив кај учениците, дел од училиштата веќе се интересираат за претстави и се надевам дека ќе стане пракса и ќе се збогати културната понуда за помладите генерации во градот, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK