Коњановски: Битола ниту должи, ниту е заглавена


Toni-Konjanovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, гостуваше на емисијата „Заспиј ако можеш“ со Драган Милосавлевиќ на ТВ Алфа, зборуваше за актуелното раководење со градот на конзулите, можностите и предизвиците кои ги адресира општината.

Меѓудругите теми, Коњановски ги адресираше и актуелните вести за задолженоста на јавните претпријатија на Битола кои циркулираат во јавноста, кои ги оцени како незасновани.


„Општина Битола во ниту еден момент не била заглавена и не должи. Секогаш нејзината буџетска сметка била полна. Стартувавме годинава со буџет кој го планираме за оваа година со енормни над 2 милијарди денари, од кој оперативниот дел е над 1 милијарди денари. Дури 41 процент ќе бидат наменети за капитални инвестиции.“ истакна Коњановски. „Ова е без проектите од влада“ – дополни градоначалникот.

„Битола е секогаш во водечките општини во собирање на средства и даноци и се друго што е во нејзин домет. Со тимот на луѓе што го имаме гледаме максимумот да го испочитуваме и да не навлегуваме со политики во работењето со човечкиот потенцијал, кој и така е оскуден во сите општини, и кај делот на јавната администрација и оперативата кај јавните претпријатија“, потенцираше градоначалникот на Општина Битола, отфрлајќи ги невистините кон неодговорното финансиско работење на јавните претпријатија на Битола и самата општина.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK