Кандидатот за градоначалник на Пустец на средба со градоначалникот на Охрид

gradonacalnik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Панди Јани, денеска оствари средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецaков.







-Средба со мојот пријател Панди Јани, кандидат за градоначалник на општина Пустец, Албанија. Сакам да ја изразам мојата поддршка и желби за успех на претстојните локални избори во Албанија, објави Пецаков на Фејсбук.

За средбата објави и Јани кој изрази голема благодарност за искажаната поддршка.

-На средбата разговаравме на повеќе теми, а посебен акцент ставивме на туризмот, каде што заеднички преку европските фондови ќе ги уредиме јавните плажи и површини во Мала Преспа. Сакам уште еднаш јавно да му се заблагодарам на господинот Пецаков за искажаната поддршка и најавувам после мојот избор за градоначалник продлабочување на соработката во сите области, наведува Јани.

Претходно поддршка на Панди Јани му искажа градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, кој беше во посета на Мала Преспа во чии рамки  заедно посетија неколку села, при што заеднички констатираа дека „Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенскиот дел на езерото, но потребен е труд и многу работа“.

Панди Јани е кандидат на Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која ја предводи опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“.

Во недела во трката за прв човек на Пустец е со актуелниот градоначалник Пали Колефски, кандидат на Социјалистичката партија, поддржан од Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, која, пак, на изборите настапува со самостојна кандидатска листа за Советот на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK