Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 21-ви Јуни-Денот на Охридското Езеро.
Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на јубилејот „25 години од потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на езерото помеѓу трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, институции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охридското Езеро (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на електронската адреса на Одделението за култура при Општина Охрид ([email protected]) или на Одделението за протокол ([email protected]) најдоцна до 30.05.2025 година.
Сите активности ќе бидат ставени во рамки една програма која ќе се објави најдоцна до 15-ти јуни 2025 година и јавноста ќе биде поканета да присуствува.
Целта на ова известување е да нема поклопување на настаните и локациите и сите заедно на ниво на град Охрид да подготвиме заедничка Програма за достојно одбележување на Денот на Охридското Eзеро.
The post ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО first appeared on Ohrid.gov.mk.