Денес градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, присуствуваше на изложбата на олдтајмери организирана од Струмица Ретро Клуб, со поддршка од Општина Струмица и повеќе компании.
На градскиот плоштад беа изложени околу 100 ретро возила стари повеќе од 50 години, кои привлекоа голем број граѓани и љубители на автомобилизмот.
Настанот понуди вистинско патување низ автомобилската историја и уште еднаш покажа дека Струмица е град кој ги поддржува традицијата, културата и настаните што ги обединуваат сите генерации.
The post Изложба на олдтајмери го разубави градскиот плоштад во Струмица appeared first on Општина Струмица.