Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, со настан под мотото „Скопје за сите“ во Мош бар, одбележува 60 години рокенрол во Скопје

gradski_5677656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Ве поканува на 28.06.2023 во Mosh bar со почеток од 20:30 часот на настан под мотото „Скопје за сите!“, а по повод формирање на новиот Градски комитет Скопје. После низа активности на терен, средби со граѓани, како и успешно завршената акција Иницијативи за Скопје, решивме да направиме и еден ваков настан од културен карактер, со цел да поддржиме еден за нас многу значаен проект. Станува збор за еден неформален јубилеј, 60 години рокенрол во Скопје.







Со овој настан сакаме да ја искажеме нашата почит и благодарност кон музичарот Горан Трајкоски – Готра чија монографија е дел од овој проект и да дадеме иницијален придонес кон напорите за нејзино издавање и печатење.

Градски Комитет Скопје ќе продолжи и во иднина да ги промовира и помага сите иницијативи за зачувување и афирмација на македонската музика и нејзина успешна промоција дома и во странство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK