Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски со јавно обраќање побара од претседателката на Советот на Општина Битола да закаже вонредна седница затоа што општинскиот Совет на заседава.
Според Коњановски, во период на полн ек од градежната сезона и период за обезбедување финансиски средства од меѓународни фондови, општинскиот Совет треба контиунирано да заседава.
-Од крајна итност е донесување на Одлука за изградба на велосипедски патеки, за да може да се пристапи кон издавање на одобрение за градење и реализација на овој проект оваа градежна сезона. Потребно е Советот да донесе одлука и за аплицирање за финансиска поддршка од УНДП, вклучувајќи и општинско кофинансирање за Проектот „Каскадно уредување на коритото на реката Драгор“. Советот неопходно е да го усвои и извештајот изготвен од Комисијата за проценка на штети од минатогодишните поплави, за да може граѓаните кои пријавиле штети да бидат соодветно обесштетени. Администрацијата ја заврши својата работа, на ред е Советот. Затоа, барам претседателката Габриела Илиевска, веднаш да закаже вонредна седница, а доколку, кај неа не постои желба за нови проекти во Битола, тогаш очекувам иницијатива на најмалку една третина од членовите на Советот за свикување на вонредна седница со што заеднички ќе ја покажеме нашата должност за исполнителност и одговорност кон граѓаните кои ни ја дадоа довербата и од нас очекуваат работа и резултати, соопшти Коњановски.
На јавното барање за вонредна седница истоветно се огласи претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска која смета дека е несоодветно градоначалникот да бара закажување на седница со обраќање преку фејсбук.
-Не сум изненадена оти пред помалку од еден месец насилно „истераа” седница, и можибе не знае градоначалникот која е процедурата за свикување и одржување на една седница на совет, посочува Илиевска