Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека од денес општината ќе постави нова урбана опрема.
„Гази Баба е првата општина во Република Македонија која на јавните површини ќе постави унифицирани корпи за собирање на сметот кој го оставаат домашните миленици.
По поставувањето на куќарки, ова е втор чекор кој го превземаме и со кој на дело ја покажуваме нашата грижа кон домашните миленици.
Во оваа прилика сакам да апелирам до сопствениците на миленици да ги користат поставените корпи за заеднички да се грижиме за заштитата на животната средина.
Дополнително насекаде низ општина Гази Баба ќе поставиме и нови корпи за отпадоци. Набавката на оваа урбана опрема ја направи ЈКП Гази Баба за што јавно им благодарам за посветеноста и креативноста во работата“, напиша Стефковски.