Франкофонска вечер во Делчево

frankofonska vecer
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франкофонска вечер со пригодна програма на која учество зедоа ученици од основното училиште „Св.Климент Охридски” и гимназијата „Методи Митевски –  Брицо” вечерва се одржа во Делчево.







На настанот присуствуваа Јадранка Чаушевска, директор за билатерални односи со држави од Југоисточна Европа и поранешен македонски амбасадор во Франција, Бранко Чобанов помошник директор на францускиот Институт во Скопје, Љупка Димова, аташе за француски јазик и советникот за француски јазик Кети Димковска.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во својство на домаќин истакна дека посебно радува фактот што францускиот јазик активно се изучува и постои интерес за негово изучување кај учениците од Делчево.

-Им оддавам признание на наставниците за посветеноста и мобилизацијата на учениците за изучувањето на францускиот јазик и негова промоција. Како општина Делчево и како градоначалник сме тука да дадеме поддршка за реализација на планираните активности. Секој јазик има своја убавина, колку повеќе јазици зборуваш, толку си побогат и стекнуваш нови пријателства. Денешниот настан ,,Да живее Франкофонијата” испишува нови страници од Франкофонската приказна на Делчево и Македонија, рече Трајковски.

Професорката по француски Билјана Начовски изрази задоволство од начинот на кој учениците со двоите настапи покажаа колку многу се негува францускиот јазик во Делчево.

-Младите франкофони мислам дека успешно се претставија, упатија јасна порака дека францускиот јазик е убав. Имаше песни кои се пеани на друг јазик и на француски јазик со цел да се докаже дека песните можат да звучат многу убаво и на француски јазик. Морам да ги пофалам сите ученици кои учествуваа, беа навистина одлични, рече Начовски.

Пензионираната професорка Даринка Михаиловска изрази надеж дека трендот на изчување на францускиот јазик ќе продолжи и понатаму.

-Милина ми е јазикот француски да се негува и понатаму колку што може повеќе да се воведе за изучување во училиштата, бидејки навистина е еден од најубавите светски јазици. Честитки до децата и менторите за програмата која ја организираа, рече Михаиловска.

Покрај пригодната програна во рамки на настанот се одржа и хуманитарен Базар од кој собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK