Фестивал на староградски песни „Под кулите на Струмица“

strumica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Центарот за култура во Струмица вечерва ќе се одржи 13-то издание на Фестивалот на староградски песни „Под кулите на Струмица“.







На Фестивалот ќе учествуваат 6 ансамбли од земјава: „Распеани струмичани“, „Распеани валандовчани“, Група „Орнаменти“ од Штип, „Октет Прилеп“, „Распеани гевгеличани“ и „Распеани радовишани“.

Фестивалот нема натпреварувачки карактер, туку преку него се пренесува староградската песна, која е дел од македонската народна музика.

-Оваа манифестација е показ на живоста на народната традиција, настојување да им се даде можност да го интерперетираат својот репертоар, велат од Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица, организатор на Фестивалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK