В сабота во тетовско Теарце ќе се одржи манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“

pejcinovik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце во сабота ќе се ја одржи манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ. Покрај игроорците на домаќините, гости ќе бидат КУД „Бранко Радичевиќ – Хрватска, КУД „Жарковац“ – Србија, КУД „Врелац“ – Србија, Ансамбл „Сербез“ при АФ „Гоце Делчев“-Битола.







Сите учесници ќе учествуваа на дефилето низ Теарце со почеток од 17 часот, додека концертот почнува во 18 часот во спортската сала на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Дефилето ќе започне од училиштето, па групата ќе се движи до центарот на Теарце кај црквата Свети Димитрија и ќе се вратат во училишниот двор.

– Со големо нетрпение ја очекуваме и годинешната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“. Традиционално со оваа културна манифестација успеваме да ја всадиме љубовта за фолклорот кон младите, но и да ги одржуваме нашите традиции и култура. Не радува тоа што над 80 млади од Теарце и пошироко се дел од манифестацијата и изразуваат желба за редовно реализирање се со цел негување на културата, изјави Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ ќе настапи со изведба на „Драчевка“, „Шарени чорапи“, „Елено моме“, „Поречки игри“ и „Малешевка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK