Европска куќа Крива Паланка ги слави вештините и иновативноста кај младите

europe-house
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската куќа во Крива Паланка по повод Денот на Европа подготви тематска програма од најразличен карактер посветена на Европската година на вештините низ младинска перспектива.







– Програмата се состои од тематски дискусии со млади во сферата на медицината, гастрономијата и електро-техниката што ги вклучуваат младите од целиот Североисточен регион, промовирајќи ги нивните вештини и иновативност. Програмата по повод 9 Мај започна со „Маратон за младински вештини” на кој присуствуваа околу 270 учесници, а продолжи синоќа со тематска дискусија за млади во Eвропската куќа на тема „Медицината како предизвик”, на која учествуваа идните здравствени работници, студенти од Крива Паланка на Медицинскиот факултет, како и средношколците од медицинските паралелки од градот, информираа од Европската куќа Крива Паланка.

Оттаму велат дека Денот на Европа ќе се одбележува и денеска и утре преку тематски дискусии со младите од Кратово и Куманово што ќе ги поттикнат да разговараат за иднината на работните места и важноста од усвојување вештини.

Одбележувањето ќе заврши во петок со изложба „Новите лица на вештините – младинска перспектива“ на градскиот плоштад во Крива Паланка во која се вклучени 18 млади од целиот Североисточен регион.

-Со цел да се привлече младинскиот сектор и да се стимулираат иновации, модернизираниот простор на Eвропска куќа Крива Паланка ги кани прогресивните поединци, групи, заедници и организации да се дружат, да создаваат и да презентираат нови идеи. Генералната платформа на нашата Европска куќа има за цел да го зајакне гласот на младите во општеството, охрабрувајќи ги да играат поголема улога во идентификувањето и справувањето со предизвиците, додаваат оттаму поканувајќи ги сите да бидат дел од настаните за денот на Европа, годинава мотото „Иднината нè поврзува“ , додаваат од Европската куќа Крива Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK