Дука на средба со дебарските пожарникари

duka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На средбата што со вработените на дебарската Територијална противпожарна единица, ТППЕ, ја оствари градоначалникот Хекуран Дука, меѓу другото рече дека нивната пожртвуваност, подготвеност и професионалност е достојна за почит.

Откако од блиску беше запознат со текот на работите околу рекострукцијата на објектот во кој е сместена единицата, тој вети дека за „дебарските херои“ локалната власт и понатаму ќе води посебна грижа и ќе дава соодветна поддршка.


– Задоволство ми е што денеска бев во посета на вашата единица, која максимално е посветена на заштитата од пожари, во спроведување на вашата бесценета и благородна мисија. Вашата пожртвуваност, подготвеност и професионалност во секој обид да се спаси имотот на граѓаните, зафатен од пожар, е достојна за почит. Огромната благодарност за тоа што постоите, што сте достапни во секој миг од денот. И во иднина ќе ја имате целосната поддршка од општината, како во исплатата на заслужената плата така и условите за работа со оптимални стандарди. Заедно одиме напред, им порача Дука на пожарникарите.

Заблагодарувајќи се Командирот на единицата Џетан Мифтароски изрази задоволство од поддршката и грижата што локалната власт на Дебар ја покажува за единицата, последно и со проектот за реконструкција на објектот, изграден пред повеќе децении.

Меѓу другото направи и пресек на интервенциите кои ги реализирале во изминатиот период од годинава.

-Во изминатиот период од годинава евидентирани се 25 интервенции, наспроти 63 во истиот период минатата година.

Од вкупниот број 15 се на објекти, главно поради запалени оџаци, 5 се на отворен простор, тука влијание имаа и врнежите од дожд, една на сообрајќајно средство и четири технички интервенции, рече тој.

Додаде дека во моментов единицата има 14 вработени, соодветен возен парк и добра опрема. Интервенираат не само на подрачјето на општина Дебар, туку и општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK