Делчево ги слави патроните на градот сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

delcevo_#53543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Со низа настани Делчево денеска го одбележува Денот посветен на патроните на градот сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.  По тој повод  се одржа Света литија од црквата Св. Кирил и Методиј до параклисот посветен на Св. Климент Охридски во дворот на Средното општинско училиште ,,М.М. Брицо”.







На литијата и претходеше црковна литургија со која чиноначалатвуваше Митрополитот  Брегалнички г-дин Иларион, кој рече дека денеска сите сме повикани да им се заблагодариме на нашите учители и апостоли за описменувањето на населението со својот подвиг.

-Исто така тука сме и заради нивната ревност да го разберат словото Божјо на нашиот мајчин јазик, да читаат за Христос и воскресението. Благодарение на нив го добивме првиот Словенски универзитет каде 3500 студенти се описменија, далеку во времето кога во другите земји немаше ни училишта, нагласи Владиката Иларион.

На граѓаните на Делчево, митрополитот Брегалнички им ја честиташе денешната слава.

-Нека на денешниот ден големите светители Кирил и Методиј се молат и се застапуваат пред Бога за градот Делчево, за сите места и за сите луѓе што живеат овде. Во исто време жалам што денес во храмот не се овде и од општината, а гледам и многу малку ученици и наставници каде заедно треба да ги славиме нашите учители и просветни работници, додаде Иларион.

Програмата за одбележување на денешниот датум по повод патроните на град Делчево вечерва продолжува во Фоајето на Спомен дом АСНОМ со Концерт на труба и пијано во изведба на Благојче Ристов и Трајан Митев кој че се одржи вечерва со почеток во 20 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK