Четири тетовски планинарски клубови со заедничка акција „Шара без отпад“

shara
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Шара без отпад“ беше насловена вчерашната заедничка планинарска тура на четири клубови и националниот парк на која учесниците собираа расфрлани отпадоци долж патеката на Шар Планина. Ова беше прва ваква тура и акција во учествува планинари од клубовите Јелак, Аргентус Монт, Тетекс и Љуботен, во координација со Национален парк Шар Планина, со цел да се подигне свеста да не се фрла ѓубре на планините.

-Шар Планина се радува на нашите мирни чекори. Секој здив, секој збор и секој чекор и секоја акција нека ја направат Шар Планина горда на нас. За да ја оставиме Шар Планина подобра отколку што ја наследивме, понекогаш бара да го собереме и ѓубрето што не сме го оставиле. Нека блесне Шар Планина. Се надеваме обидовме да дадеме пример кој се надеваме ќе го следат и другите, порача Снежана Новаковска од ПК Тетекс.


Акцијата беше спроведена на потегот Вејце-Вејачки водопад-планинарски дом Кобилица. Планинарската тура и подигнувањето отпадоци се реализираше од 8 до 14 часот.

-Со еколошката акција успешно се подигнати сите видливи пластични, најлонски,лимени и други отпадоци. Спакувани беа во 15 вреќи кои со теренско возило на националниот парк потоа беа префрлени во Тетово, информираше Зија Јонузовски од ПК Аргентус Монт.

Клубовите ќе продолжат со заеднички планинарски тури и акции и наредниот месец. Во јуни е планирана акција за чистење на патеката до и околу Боговињско езеро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK