Во Општина Кисела Вода од утрово се одвива акција за косење на нараснатите тревни површини. Активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.
Од општинската прес-служба информираат дека се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација. Посочуваат дека паралелно се чисти и комуналниот отпад, а општинските служби бесплатно го подигнуваат и кабастиот отпад за што се пријавија 210 семејства.
Од општината истакнуваат дека акциите за чиста и уредна Кисела Вода ќе бидат чести во наредниот период.
Апелираат до граѓаните за совесно однесување и воедно ги замолуваат доколку забележат некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода, по што ќе може да се интервенира.