Да ги поттикнеме младите да рециклираат преку повратните вендинг машини
Во потрага по одржлива иднина, младите имаат огромна моќ да направат промени и да ја зачуваат животната средина здрава и чиста, за идните генерации. Општеството треба да ги инспирира да се вклучат во разновидни акции и разни алатки за борба против отпадот од пластика и алуминиум. Сега, со поставување на повратни вендинг машини на територијата на нашата земја, младите можат активно да придонесат во напорите за рециклирање и намалување на отпадот.
Пакомак заедно со швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, до сега има поставено 27, а во следниве 2-3 месеци ќе постави уште 28 повратни вендинг машини за одложување на пластични ПЕТ шишиња и алуминиумски лименки на територијата на целата земја. Во моментов машините се поставени во главниот град Скопје и Тетово, но набргу дел од нив ќе можат да се најдат и во другите градови, Битола, Прилеп, Струмица. Штип, Берово и Куманово. Овие машини даваат можност за лесно и едноставно одложување на отпадот, но и нудат бројни придобивки за оние кои редовно селектираат.
Едукацијата и подигањето на свеста играат клучна улога во информирањето на младите поединци во врска со важноста на рециклирањето. Амбалажниот отпад од пластика и алуминиум тешко и бавно се разложува во природата, што значи дека секое фрлено парче отпад на погрешно место директно придонесува кон загадувањето на природата. Затоа е важно да се осигураме дека отпадот нема да заврши во депонија, туку во повратните вендинг машини на Пакомак.
Користењето на повратните вендинг машини е многу едноставно и интиуитивно. Она што ви е потребно е само смартфон на кој ќе ја преземете апликацијата Екомак од Play Store или App Store, ќе креирате сопствен профил и веќе половина од работата е завршена. Потоа, секој следен пат кога ќе сакате да одложите отпад во повратна вендинг машина, ќе треба само да го доближите смартфонот до неа, да го скенирате QR кодот и да почнете со одложување. За секое парче одложено во машината, ќе добиете т.н. „зелени поени“, кои потоа ќе можете да ги искористите како попуст при пазарување и во иднина за разни граѓански бенефити, концерти… Младите треба да ги искористат овие награди за дополнително да се мотивираат и да ги инспирираат другите да рециклираат преку автоматите.
Од суштинско значење е правилната подготовка на отпадот за рециклирање. Пред да го користите автоматот, пластичните шишиња или алуминиумските лименки треба да бидат празни и да не бидат згмечени. Овие едноставни чекори овозможуваат непречено прифаќање на амбалажата од страна на машината.
Лесно ќе ги пронајдете повратните вендинг машини на територијата на Скопје. Ќе ги препознаете по впечатливата зелена боја на Пакомак и по симболот за рециклирање () кој се наоѓа на секоја од машините. А за полесно да се ориентирате, Пакомак подготвија за вас и мапа на која можете да ги погледнете точните локации на секоја од поставените машини. Мапата можете да ја најдете ТУКА.
Споделувањето на лични искуства за рециклирањето и придобивките од користењето на повратните вендинг машини е исклучително важно за подигање на свеста кај младите. Честопати соработката со локални организации, училишта или еколошки клубови обезбедува дополнителни можности за вклучување на младите. Партнерството во проекти, организирањето на активности за чистење или учеството во образовните програми го засилува нивното влијание и негува култура на граѓанска освестеност. Со поттикнувањето на пријателите и семејството да се приклучат во рециклирањето преку автомати и потенцирање на важноста на колективната акција всушност може да направи трајна разлика.
Секоја акција, без разлика колку е мала, придонесува за почиста и поодржлива иднина. Прифаќањето на можноста за рециклирање преку вендинг машините им дава моќ на младите да создадат позелен свет и да го отворат патот за генерациите што доаѓаат.
Заедно за почиста животна средина!