Во моментот се одржува седницата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМННЕ започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје и ја потресе целокупната домашна и регионална јавност.
Оваа седница на Извршниот комитет доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24 април и 8 мај.
Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негова заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
Воедно отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.
И за избор за претседател и на парламентарните избори очекуваме историски голема победа по која што ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата.
Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава
Имаме класично неспособна влада на ДУИ со подизведувач СДСМ која 8 години ја турка земјава во провалија. Сликата на власта се тендери во четири очи, неказнета и несанкционирана неспособност, криминал, црни листи, корупција од најниско до највисоко ниво. Урнисана економија, сиромаштија и инфлација. Ова е мака и за македонците и за Албанците. И за србите, власите, бошњаците, ромите и сите луѓе во Македонија. Имаме банди кои управуваат со одлучувачките процеси и како што тие велат се рамо до рамо со највисоките функционери од владата. Имаме токсична атмосфера произведувана само од власта преку прокси истурени платеници кои имаат за цел создавање раздор во националното ткиво.
Ова се дилемите и состојбите. Одговорот е народот. Зад параванот и силата со волјата на секој граѓанин и заокружувањето на неговиот избор на гласачкото ливче.
24 април и 8 мај се датумите кога народот мора да излезе масовно и организирано на избори. Не се гласа само за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ или ДУИ, тука се гласа за тоа дали ќе има промени или ќе остане стагнација и назадување.
Дали Македонија ќе има иднина или ќе имаме држава на колена без систем и вредности како сега. Промените ќе бидат толку големи колку што ќе биде победата голема и убедлива.
Одиме на огромна и јасна победа. Да се здружиме сите незадоволни од оваа власт.
Сите кои сакаат промени и да се обединиме околу платформа која има иднина за Македонија, Важно е да има големи и крупни промени.