Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини, преку денот сончево и топло

Наутро-со-услови-за-појава-на-магла-по-одделни-котлини.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска, наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Од недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK