Началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на конференција на Воениот комитет на НАТО

gjurchinovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска е во официјална посета на Брисел.







Генералот Ѓурчиновски утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовнaта конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за Алијансата.

За време на престојот во Брисел, генералот Ѓурчиновски ќе го посети военото претставништво на Република Северна Македонија во SHAPE, Монс каде ќе оствари средби и со нашите претставници во мисијата, соопшти ГШ на Армијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK