Министерството за здравство информира дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално.
„Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.
Во однос на истрагите кои се водат и инфомрациите од утрово, Ве молиме да се обратите до надлежните институции“, велат од Министерството за здравство по информациите дека полицијата утрово влегла на Клиниката за онкологија а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.