МВР: Полициските хеликоптери исфрлија над 13 тони вода, локализиран пожарот во општина Сопиште

МВР-Полициските-хеликоптери-исфрлија-над-13-тони-вода-локализиран-пожарот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, информираат од МВР.

„Во пожарот кој беше пријавен околу 13.50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање“, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK