Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објснува дека е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, и негова татковина е Северна Македонија. Ова се случува по реакциите во интервјуто што го објави ТВ21 со наслов: Претседателот на Собранието на Македонија Гаши: Како да кажам, Косово е моја татковина.
„Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.
Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја. За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат таа“, рече Гаши.
Како што додаде,од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист.
„Ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема“, рече Гаши.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера го доби мандатот за составот на новата Влада, го повика Гаши да се извини ако навистина рекол дека неговата татковина е Косово.