МНР објави повик за вклучување во проектот МКАРТА

mnr_#4543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за надворешни работи ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта diasporadesk@mfa.gov.mk со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.







Од МНР посочуваат дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени во предвид при следната селекција.

– Проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година. Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на државата Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка, се наведува во соопштението од МНР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK