Трамп најави договор со Белорусија: „Веќе нема да купуваме од Канада“


tramp-depositphotos_785548226_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави „огромен“ договор за купување ѓубриво од Белорусија, и покрај тоа што Минск се бори против опозицијата и ја поддржува руската агресија против Украина.


Трамп објави на социјалните мрежи дека калиумовата сол од Белорусија ќе биде „значително поевтина од она што моментално ѝ го плаќаме на Канада“. Тоа е порака до соседната земја со која администрацијата на Трамп ги заостри трговските односи.

Солта е минерал богат со калиум кој се користи првенствено во производството на ѓубрива, бидејќи им помага на земјоделските култури да растат и да ги зголемуваат приносите. Во моментов, канадските добавувачи ги покриваат поголемиот дел од потребите на американските земјоделци. Белорусија е еден од најголемите производители во светот, но Европската Унија го забрани увозот и ги замрзна средствата на државната компанија „Беларускали“.

Објавата е најновата во низата договори меѓу Вашингтон и Минск. Преговорите предводени од американскиот претставник Џон Коул резултираа со тоа што белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува стотици политички затвореници. За возврат, САД ги ублажија санкциите врз белоруските компании, вклучително и врз нејзината индустрија за ѓубрива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK