Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој на таа позиција е дојден од редовите на Алијанса за Албанците, го сподели статусот на претседателот на неговата партија Арбен Таравари, во кој тој вели дека ќе оди со албанската опозиција, слушајќи го, како што рече, гласот на граѓаните.
Против Таравари веќе застанаа потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, Претседателот на Централното собрание и поранешен лидер, Зијадин Села, како и министерот за правда Кренар Лога.