Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со пензионерите во Охрид, при што нагласи дека со оваа ненародна власт пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, се приморани да протестираат по улиците барајќи поголема пензија.
„Главниот удар врз пензионерите е направен ако се сеќавате кога беше пуштена онаа методологија кога два пати годишно пензиите се нивелираа по два столба. Пондер имаше 50% трошоци за живот и пондер имаше 50% раст на просечна плата. Тоа се напушти и тоа траеше добри две години со што се направи дисбаланс помеѓу просечната пензија и просечната плата или минималната плата и да речеме од некои 60-тина проценти таа падна под 50% и сега денеска пензионерите ги гледаме како наместо да уживаат во пензионерските денови тие протестираат на улиците и си ги бараат правата за подобар живот“, појасни Мицкоски.
„Апсолутно како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера да влеземе во сериозна анализа и овој економски тим кој што го креира тој економски модел да има посебен начин на раст на пензиите и тие проценти кои што беа да се стигнат, а зошто да не и да се надмине“, укажа Мицкоски.
Мицкоски додаде дека сите оние кои одлучија да нанесат штетат на интересот на стотици илјади семејства кои сакаат да ја видат власта сменета, односно да има Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени.