По вчерашната средба со Ескобар, лидерот на опозицијата, Мицкоски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од било кој загрижена за состојбата во која се наоѓа државата бидејќи, како што рече тој, го делат секојдневието во кое живеат граѓаните и најголем приоритет им е квалитетот на граѓаните.
„Ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада секако има кредибилитет нула и единствената платформа и политика која ја имаше а тоа беше прифаќање на бугарски диктат и се удри во ѕид, видовте немаат 2/3, немаат 80 пратеници и не постои ниту една друга сврзана точка која што на нив им била да останат ден повеќе таму каде што се“ изјави Мицкоски.
Повторно истакна дека потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи владата на СДСМ и ДУИ е влада без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула.