Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места

mickoski-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Христијан Мицкоски најави  германско-белгиска инвестиција која ќе отвори над 100 работни места.

За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција која е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат“, посочи Мицкоски и додаде:

„Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK