Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, членот на Извршниот комитет Маја Кадиевска Војновиќ и Зоран Ставревски остварија средба со бордот на директори на „Македонија 2025“.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за искористување на економските потенцијали и потребата за поддршка на приватниот сектор и иницијативи што ќе придонесат до забрзан економски раст.
„Беа споменати фундаментите кои ќе бидат програмска заложба на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како што се поддршката на претприемништвото, иновациите и дигитализацијата која треба да доведе до шанса и напредок на младите и фаќање чекор со модерните европски и светски трендови“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од страна на Мицкоски беше посочено дека програмата која ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива платформа врз која ќе се креира идниот напредок на државата и ќе треба да обезбеди повисок стандард и иднина за сите граѓани.