Мицкоски на Самитот на ЕПП во Букурешт, ќе има средби со високи европски политички лидери

Мицкоски-Владата-го-искористи-и-Самитот-на-ОБСЕ-за-криминал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија(ЕПП).

Денес во 16 и 50 часот пред делегатите на Европската народна партија свое обраќање ќе има и претседателот, Христијан Мицкоски.

Во текот на овие два дена на самитот во Букурешт претседателот Мицкоски ќе има повеќе значајни билатерални средби со високи европски политички лидери.

Исто така на овој двовневневен конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK