Мицкоски ја повика опозицијата: лобирајте во Брисел за носење на Резолуцијата со која се признаваат македонскиот јазик и идентитет 


1ee9bb4a-ba37-4cb5-b316-fd8799e41139.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес- конференција одговарајќи на новинарско прашања, кои се неговите очекувања со оглед дека се очекува во јули ЕП во најновиот извештај за напредок да вклучува признавање на македонскиот јазик и идентитет вели:


„За прв пат пред европратениците ќе се најде извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот, посебен, македонски идентитет и јазик. Очекувам европратениците едногласно да го усвојат овој Извештај во кој што се потврдува посебниот, многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кој што е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признаен или кодифициран 1977, иако и претходно е неговата кодификација завршена уште ви 1945та година во рамките на ОН.
За жал морам да кажам дека повторно од Исток стигаат поинакви коментари и гласови, но да видиме како целата оваа работа ќе заврши. Ги повикувам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии кои што имаат европратеници во Европскиот парламент.

Знам дека опозициската СДСМ е дел од едно такво семејство, ги повикувам уште денеска да почнат и да вртат до своите сестрински партии истото јас како што знам и политичката опозициска партија ЛДП. А ние денеска како политичка партија ќе имаме извршен комитет и на тој Извршен комитет ќе подготвиме стратегија како ВМРО-ДПМНЕ на лице место ќе испрати луѓе кои што ќе бидат во деновите пред нас во Брисел за да продолжат да разговараат со европратениците и потребата од носењето на оваа Резолуција.

На четврти ќе биде расправата во парламентот, 4 јуни според информациите кои што ги имам, а гласањето би требало да биде во јули. Така што уште еднаш сакам да потенцирам дека посебниот, многувековен македонски идентитет и посебниот, меѓународно кодифициран македонски јазик е факт и секој оној кој што ги негира и одбива да ја прифати оваа реалност и овој факт е анти НАТО и анти ЕУ. Така што било кој, кој што ова не го прифаќа од земјите членки и било кој европратеник кој што нема да гласа во насока на прифаќање на оваа резолуција е анти ЕУ пред се и е спротивно од европските вредности дефинирани од Аденауер, Шуман и Дегаспари многу одамна,“, нагласи Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK