Мицкоски: Црната кампања на СДС против мене им се удира од глава, лагите за моја куќа од милион евра во Козле, паднаа на суд како клевета

Мицкоски-Црната-кампања-на-СДС-против-мене-им-се-удира.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден, пишува на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Осудени се, додава тој, последователно неколку пати и тоа од ова нивно судство за ширење на лажни вести, клеветење и невистини.

„Од истиот центар, но преку друг канал кој ги ширеше лажни вести, одново се осудени дека ме клеветеле невистинито, овој пат дека наводно сум купил и реновирал куќа во Козле од еден милион евра.
Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше
прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра“, пишува Мицкоски.

Според него ова како што вели е обид да се деградира неговата личност и да се дефокусира вниманието на јавноста.

„На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија.
Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина“, истакнува Мицкоски во напишаното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK