Движењето ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција.
Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател на своите внатрепартиски избори поради тоа што директорот на Фондацијата Заев и негов близок бизнис партнер е продолжена рака на кланот Заеви и всушност претседател на СДСМ е повторно Зоран Заев.
„Од вкупно 80.000 членови на СДСМ за гласање се регистрирале околу 23.000, а на гласање излегле околу 12.000 членови. Со 9000 гласови за претседател е избран Венко Филипче. Само за потсетување, претходниот устоличен претседател, г-динот Ковачевски беше избран со околу 40.000 гласови. Самата постапка на регистрација, каде системот за евиденција ненадејно крахира на неколку саати, и одзивот на внатрепартиските избори на СДСМ говори за тоа во каква состојба се наоѓа СДСМ. Тоа е состојбана очај, раздор, подметнување, хипокризија, лицемерие и безидејност“, истакнуваат од оваа партија.
Портпаролот на ЗНАМ, Мемов рече дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија му го честита изборот на Филипче, иако исходот на внатрепартиските избори во СДСМ го оценуваат како недемократски и нелегитимен.
Мемов ја потсети јавноста кој ќе ја претставува опозицијата во Македонија во ликот на Венко Филипче: „Поранешен советник на таканаречениот министер за смрт НиколаТодоров во владата на Никола Груевски.
Министер за здравство во владата на Заев. Осомничен дека преку неговата невладина организација обезбедувал инсулин со краток рок на траење. Човекот кој два дена пред да си замине од министер префрла 2.5 милиони евра на грчка компанија која ја гради болницата во Штип. Болницата не е ни почната, ставени се само темели, а се ветуваше дека ќе биде готова до 2018-та/2019. 2,5 мил. евра се платени на контото на компанијата „Интракомконстракшн – ИнтракатГрција“, која со години го „гради“ Клиничкиот центар во Штип, инвестицијата што беше најавувана како гордост на владата на Зоран Заев. Интересно е ден после изборот на новата влада и само два дена пред формално да ја предаде министерската фотелја, значи на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“. Претходно, на 3 и на 7 декември 2021 година, Министерството за здравство на грчката фирма ѝ исплатило 100,4 милиони денари.
Тогашен министер за здраство за кого италијанскиот весник „ЛаВерита“ ги објави писмата за набавка на вакцини од Кина во вредност од 7,5 мил. евра кои се однесуваат на фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг за која весникот тврди дека е фантомска. Според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио, а била регистрирана во 2017 година, пет месеци по формирањето на владата на Зоран Заев. Во неговиот мандат на 8 септември 2021 се случува пожар во тетовската модуларна болница со 14 жртви, заради несоодветна електрична инсталација и несоодветен довод на кислород до пациентите. На крајот се откри виновникот: кабелот“, истакнуа Мемов.
Тој рече дека во СДСМ членуваат многу чесни и способни луѓе, членови кои ја сакаат Македонија.
„Но, СДСМ е партија која повеќе не припаѓа на членството и максимата или си СДСМ или не си веќе нема никакво значение. Во последните 11 години раководството на СДСМ се откажа од АСНОМ-те принципи и Крушевските постулати како темелина македонската држава и македонскиот народ.
Заради неспособното и криминално владеење на раководството, СДСМ го доживеа најголемиот пораз од своето постоење, а денеска сме сведоци дека продолжува со истиот пристап и истите луѓе кои ги водат кон нов изборен дебакл на следните локални избори.
На Македонија и е потребна здрава, способна и чесна опозиција која ќе биде коректор на власта. Вратите на Движењето Знам за наша Македонија се отворени за сите чесни луѓе кои ја сакаат Македонија и сакаат да дадат свој придонес за успешен развој на државата. Отворена е поканата за прием на сите чесни членови на СДСМ. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со своето учество во владатаќе биде гарантот дека никогаш повеќе работите немада бидат исти во Македонија“
рече Мемов.
Запрашан дали и понатаму ќе се реагира на употребата на знамињата и дали координацијата што ја најави Меџити ќе биде причина за напуштање на владата, Мемов одговори дека одговорот се состои во три точки: „1. Во преговорите со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ прифатена е политичката платформа, стратешките определби, политички начела како и конкретните програмски определби на Движењето ЗНАМ за наша Македонија кои ќе бидат составен дел од владината програма.
2. Прифатени и усогласени се принципите и начинот на функционирање на идната влада врз рамноправни, автономни и партнерски односи, со взаемна
одговорност во делот на имплементацијата на владината програма.
3. ЗНАМ ќе биде гарантот дека никогаш повеќе нема да може некој да го уценува со непристојни предлози партнерот во владата, а коишто ќе одат на штета на македонските национални и државни интереси“.
Мемов исто така рече дека ЗНАМ ќе биде коректив во владата и како во случајот со заклетвата на претседателот на собранието ќе реагира и во сите други случаи кога ќе има нарушување на одредбите на законот за употреба на јазиците и знамињата на етничките заедници.