Мемов: Државата останува посветена на грижата за благосостојбата на пензионерите


80-godini-sojuz-penzioneri-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија.


Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на државата и со својот придонес оставиле трага во изградбата на општеството и државата во целина.

Тој рече дека државата останува посветена на грижата за благосостојбата на пензионерите и обезбедување на нивен достоинствен живот.

„Оваа Влада имајќи го предвид подобрувањето на стандардот на пензионерите направи нешто што досега не се случило во самостојна и независна Македонија, кога станува збор за пензионерите. Од септември 2024 до март 2026 Владата ги зголеми пензиит е вкупно за 7.000 денари“, рече Мемов и додаде дека ова зголемување значи дека за редовната исплата на пензиите во оваа 2026 година од буџетот се одвојуваат околу 500 милиони евра повеќе отколку во 2024 година.

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов се осврна и на соработката што Фондот ја остварува со Сојузот, при што истакна:

„Фондот остварува редовни контакти со Сојузот на Здруженијата на пензионерите и отворено се разговара за сите проблеми што ги мачат пензионерите, како и за предлозите што тие ги имаат во насока на подобрување на пензионерскиот стандард. Таа комуникација и размена на иформации ќе продолжи во иднина и ќе градиме однос на взамена почит и плодна соработка за да продолжиме да градиме држава која се грижи за своите граѓани – од најмладите до највозрасните“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK