(Видео) Манасиевски: Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа


manasievski-23.04.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.


„Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар на СДС, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат во српската политичка сцена.

Оваа платформа за обединување на опозиции од две држави е стриктно направена поради лични и бизнис интереси на поранешниот кум на српскиот претседател, Зоран Башановиќ, а во истата му помага Зоран Заев“.

Како што вели, Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ не случајно се одбрани за создавање на овој опозициски фронт, затоа што според него, едниот е дел од партија која е дел од власта во Србија, но јавно ја критикува работата на владата иако беше дел од неа, за потоа да си даде оставка, додека другиот е човек кој на почетокот на овој милениум бил основач на движење со кое во Србија има соборено власт.

Сето ова кое СДС преку Димитријевиќ, го прави заради Заев и неговите блиски пријатели, оценува Манасиевски, ја доведуваат СДС на маргините на македонската политичка сцена.

Опозицијата, додава тој, предводена се уште од СДС, наместо да делува во Македонија, таа се става на услуга на други партии во други држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK