Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, имаше средба со каратистката Рудина Алиу, која го освои бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во карате, одржано во Бразил.
По тој повод, Меџити ѝ честиташе на Рудина за извонредниот успех, истакнувајќи дека успесите на нашите спортисти се најдобрата промоција на Чаир и на државата на меѓународната сцена.
„Чаир продолжува да создава шампиони. Секој медал освоен од нашите спортисти е гордост за сите нас и мотив за младите генерации. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите таленти, бидејќи вложувањето во младите е вложување во иднината,“ истакна Меџити.