Меџити: Тројца-четворица пратеници од Европскиот фронт ќе бидат дел од новото мнозинство

izet.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек на Демократското движење – партија којашто е дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити во интервју за „А2 Си-ен-ен“ рече дека тројца до четворица од 18 пратеници на Европскиот Фронтот на ДУИ, се речиси дел од новото мнозинство, но без да споменува имиња.


„Европскиот фронт не се обедини на идеолошки основи, не ги обедини програмата, туку се обединија да опстанат и да бидат дел од Владата. Во моментот кога не се дел од Владата, мисијата пропадна и почнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што вечерва можам да кажам дека веќе од тие 18 пратеници, 3-4 пратеници со една нога се дел од новото мнозинство“, рече Меџити.

Тој не сакаше да споменува имиња, но рече дека во Европскиот фронт предводен од ДУИ има и две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција, туку се гледа себеси во идната влада, изјави Изет Меџити за „A2 Си-ен-ен“, пренесе ИНА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK