Меџити: Првпат е набавен лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија

1692698329_Fatmir-Medziti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот. Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија“, објави министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на својот официјален фејсбук профил.


Меџити информираше дека лекот Vosoritide е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника.

За набавка на лекот Vosoritide обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK