Маричиќ: Нашите граѓани сега се повеќе поврзани со ЕУ и со регионот, паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги

Маричиќ-Мора-силно-да-се-залагаме-за-мирно-разрешување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес организираше состанок каде што се дискутираше за роаминг тарифите помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како придобивка од Берлинскиот процес, како и бесплатна безжична интернет мрежа на јавни простори во Западен Балкан, како иницијатива на Европската Комисија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан.


На состанокот присуствуваа раководните лица на Министерството за информатичко општество и администрација, Македонски телеком, А1 Македонија, Агенција за електронски комуникации, Јавно претпријатие Национална радиодифузија и Националната канцеларија за бродбенд компетентност.

По средбата Вицепремиерот Маричиќ во изјавата рече дека најважната порака од средбата со претставниците на телеком операторите во државата е дека паѓаат трошоците за граѓаните за телекомуникациските услуги и дека нашите граѓани и граѓаните од регионот сега се повеќе поврзани со ЕУ.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK