Тошковски во посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров: во фокусот недостатокот на полициски службеници

3-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров.

Од страна на раководството на ПО Сарај министерот беше запознаен со нивните тековни активности и структурата на тереност кој го покриваат при што заедничкиот заклучок е дека во оваа организациска единица во најкус можен рок треба да се систематизираат повеќе полициски службеници кои ќе одговорат на динамиката на работа, од причина што на ова подрачје има 24 села и повеќе од 40.000 жители.

„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров се соочува со недостаток на униформирани полициски службеници, а од аспект на прекршувања на јавниот ред и мир и извршени кривични дела во однос на другите Единици на територија на Град Скопје има помал обем на деликти. Како позначаен настан го издвоија лишувањето од слобода утринава на еден од осомничените за разбојништвото кое неодамна се случи во Куманово“, образложи министерот Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK