Пожарот кај селото Љубин, општина Сарај е локализиран, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
– Со прецизно дејство на трите авиони „ер трактори“ на ДЗС, како и едниот хеликоптер на МВР, пожарот е локализиран, рече Ангелов.
Тој додаде дека екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот.