РЦУК – Струмица извести дека шумскиот пожар помеѓу селата Селемли и Стојаково, местото викано Стара караула Ѓопчел, што започна вчера околу 18:00 часот е локализиран и ставен под контрола.
Како што соопшти РЦУК – Струмица таму горела мешана шума.
Седум вработени од ЈП НШ ПШС Кожув се на терен и вршат контрола на истиот, додаваат од РЦУК – Струмица.