Лога ја поздрави одлуката на Управен суд за Дамева

Судии-одат-на-увид-со-возила-на-странки-недолично-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.


„Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи.

Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK