Левица: Додека народот преживува, пратениците украле 320 илјади евра за патни трошоци

Левицата-Додека-народот-преживува-пратениците-украле-320-илјади-евра-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Додека обичниот македонски граѓанин живее во невидена сиромаштија и едвај ги задоволува основните потреби за живот, пратениците од жироката коалиција ДПМНЕ-СДС сложно, континуирано и бесрамно ги крадат граѓаните преку веќе озлогласените патни трошоци. Имено, „народните избраници“ во 2023 година потрошиле речиси 20 милиони денари или 320 илјади евра само за патни трошоци, велат од Левица.

Овој, како што го нарекуваат, крајно лицемерен чин на пратениците, според Левица е последен во долгата низа на клептомански постапки, каде што владеачките партиски елити континуирано покажуваат дека единствен нивен интерес е личното богатење и уживањето во привилегиите кои ги имаат како јавни функционери, а не работењето во интерес на граѓаните.

„Да биде уште потрагично, пратениците кои најмногу наплатиле за патни трошоци се комплетно непознати за јавноста, кои во текот на целата година, па и целиот нивен мандат немаат направено ништо забележително.

За пример, Јадранка Поцкова од ДПМНЕ која наплатила околу 670 000 денари, Љубица Спасова од СДС со околу 610 000 денари и Миле Талевски од СДС со околу 600 000 денари се дел од пратениците кои граѓаните (на чив грб се богатат), воопшто не знаат дека постојат“, се истакнува во нивната реакција.

Потсетуваат дека Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието, закон кој, како што појаснуваат, беше одбиен од ДПМНЕ-СДС, иако и двете партии во својата програма декларативно се залагаат за намалување на патните трошоци на функционерите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK