Левица: Зошто македонското знаме е забрането за пренос на „Aвстралија Oпен“ и зошто нема реакција од нашите власти

Македонската-заедница-во-Австралија-Mакедонското-знаме-е-забрането-на-„Австралија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Македонската заедница во Австралија алармираше дека Македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија Опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети. Зошто се уште нема реакција од нашето МНР и нашите амбасадори? , прашува Левица преку соопштение.

„На овој престижен натпревар настапува и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, па сепак, Македонското знаме е цензурирано од страна на организаторот поради непознати причини!

Иако официјално никаде не е забрането нашето знаме на овој турнир, сепак дадени се инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат!!

Зарем не е доста понижувањето што го прави нашата Влада преку продавање на името, сега доживуваме цензура на меѓународно ниво во спортот, што е недозволиво!

Левица бара итна реакција од надлежните на ваквата цензура“, се додава во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK