Лефков: Пендаровски велеше да не се користат државни ресурси за партиски цели, а сега тој ги злоупотребува за кампања

lefkov-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пендаровски велеше да не се користат државни ресурси за партиски цели, а сега тој ги злоупотребува за претседателската кампања, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Обвини дека Пендаровски се појавува на владини настани во изборен период, со чија организација нема никаква поврзаност.

„Стево Пендаровски се вози со државен автомобил до партиски штабови за партиски состаноци, иако велеше дека тоа нема да го прави. По примерот на Пендаровски работи цело СДС. За потребите на Пендаровски, вицепремиерот Маричиќ злоупотреби службено возило за да се потпише за кандидатурата на Пендаровски. Стево Пендаровски едно зборува, друго прави. Стево Пендаровски ги злоупотребува државните ресурси за партиски потреби“, рече Лефков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK