Ковачевски: Знаеме дека треба повеќе, во новата програма над 1.000 евра просечна плата

отворањето-на-нов-промотивен-штаб-12.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Знаеме дека голем број граѓани и денес се борат со високите цени, се борат да обезбедат сѐ што им е потребно за нивните деца, свесни сме, затоа и имаме план, затоа во новата програма предвидуваме уште поголеми плати и пензии, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Тетово на отворањето промотивен штаб на партијата.

„Просечната плата СДСМ ја покачи за дури 290 евра во споредба со времето на ВМРО ДПМНЕ и денес изнесува 650 евра. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 22.500 денари. Просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари а минималната пензија за 50%. Свесни сме дека тоа не е доволно. Знаеме дека голем број граѓани и денес се борат со високите цени, се борат да обезбедат сѐ што им е потребно за нивните деца. Знаеме дека сѐ уште имаме повозрасни граѓани кои заслужуваат поголеми пензии, на кои им е потребен полесен пристап до здравствените услуги. Затоа и имаме план. Затоа во новата програма предвидуваме уште поголеми плати и пензии. Нашето изборно ветување за просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра е издржано и остварливо. Со заеднички придонес, СДСМ заедно со граѓаните ќе го исполни и ова ветување“, рече Ковачевски.

За само три години, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки, потсети Ковачевски.

„Не дозволивме во време на здравствена и економска криза, граѓаните да бидат оставени сами на себе туку го заштитивме стандардот на народот. Не дозволивме повисоките цени на основните производи да влијаат на животниот стандард“, додаде тој.

Точно е дека направивме многу работи кои се добри, како што треба, но исто така е точно дека имавме и грешки, рече Ковачевски.

„Не сме совршени, ниту сме ослободени од оправдани критики. Реални сме и треба да работиме уште за да се подобриме. Треба, работиме и ќе работиме“, рече Ковачевски во Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK