Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство до семејството, роднините и пријателите и до соучениците на 14-годишната Вања.
„Огромна е тагата која ја чувствуваме по загубата на овој млад живот“, рече Ковачевски, во врска со случајот на трагично загинатата Вања Ѓорчевска.
Ковачевски им се заблагодари на надлежните институции и додаде дека и МВР и Јавното обвинителство работеле интензивно и целосно го расветлиле случајот и ги пронашле сторителите на ова како што го нарече грозоморно злосторство.
„Очекувам во најкраток можен рок, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат најстрога одговорност. Ова е исклучително тежок ден затоа апелирам да се следат информациите исклучиво од надлежните институции кои навремено и по протокол споделуваат максимално можно, со цел да се избегнат шпекулациите и да не се наштети на истрагата“, подвлече Ковачевски.
На прашањето дека нема институционална одговорност по она што во последно време се случува во државата Ковачевски повтори дека надлежните институции на анјпрофесионален начин и одговорно успеае да ги идентификуваат сторителите и дека тие ќе бидат изведени пред казната.
„За вакво грозоморно дело и злосторство следуваат највисоки казни. Криминалот има име и презиме. Обврска на истражните и на правосудните органи е да се справуваат со вакви криминалци“, додаде премиерот.